По спроведеното епидемиолошко истражување, за пет деца од градинката, три воспитувачки и две негувателки ќе бидат во домашна изолација.
Денеска како позитивна на ковид-19 е регистрирана една негувателка во битолска детска градинка.
По спроведеното епидемиолошко истражување, за пет деца од градинката, три воспитувачки и две негувателки е даден предлог до ДСЗИ за ставање под здравствен надзор и домашна изолација во траење од 14 дена од контактот со позитивното лице, објави Телма.
Денеска во Битола се регистрирани 4 новозаболени, на возраст од 54 до 65 години, а само едно од нив дава податок за контакт со позитивно лице.