петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Нема починати лица, еве колку нови случаи се регистрирани во изминатото деноноќие

Нема починати лица, еве колку нови случаи се регистрирани во изминатото деноноќие

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 2.514 тестирања, а регистрирани се 4 нови случаи на КОВИД-19 од: Скопје – 3, Битола – 1.

Регистрирани се 11 оздравени пациенти од: Куманово – 4, Скопје – 3 и Крива Паланка, Струга, Гевгелија и Радовиш – по 1.

Не се регистрирани починати лица.

Направени се 2.514 тестови преку: ИЈЗ-169, ЦЈЗ Скопје-36, ЦЈЗ Битола-63, ЦЈЗ Прилеп-7, ЦЈЗ Тетово–13, ЦЈЗ Куманово–43, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија-0, ГОБ 8-ми Септември-4, Институт за микробиологија–11, МАНУ-0, Жан Митрев (Филип Втори)-46, Авицена-174, Биотек-152, Систина-78, лабораторија Лаор-267, Синлаб-6, Ремедика-0, Плодност–47, Генеа–22, Никоб лаб-311, ВФВ Медикал-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.063.

Досега во земјата се направени вкупно 872.894 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.673, бројката на оздравени пациенти е 149.961, на починати е 5.484, а бројот на активни случаи изнесува 228.

Најнови вести