Катерина Гетева во нејзината емисија „Несомнено“ открива случај за сообраќајка каде што едно од лицата учесници е син на началник на СВР Битола.
Она што Гетева го истакнува е што началникот го сокрил случајот и на оштетените им ветил дека ќе им плати 3.000 евра, но тие пари во целост никогаш не им ги дал. Целиот случај го преземал Битолскиот суд, во граѓанска постапка судот одлучил во корист на оштетените. Но иако станува збор за граѓанска парница, „Несомнено“ се обратиле до внатрешна контрола на битолската полиција и прашале дали началникот прекршил некои дисциплински процедури?
Битолчанец го тужи началник на полицијата во Битола и неговиот син, затоа што по направена сообраќајка, началникот им ветил оштета од 3.000 евра за автомобилот. Но, парите со години не му ги давал, па оштетениот решил да ги тужи.
За оваа сообраќајна несреќа нема записник во СВР Битола затоа што во пресудата пишува дека критичната ноќ по предлог на началникот полиција не била повикана. За овој случај Битолскиот суд има донесено првостепена пресуда, но се уште нема одговор од МВР дали внатрешна контрола е запознаена со случајот и дали има некои дисциплински пропусти во постапувањето на началникот.
Првостепена пресуда на Битолскиот суд е донесена на 20 ноември 2017 година во корист на оштетените. Сообраќајката се случила на 16 април 2016 година кога синот на началникот кој бил другар со синот на оштетенито битолчанец, критичната ноќ биле излезени заедно. Синот на началникот го замолил својот другар да го повози неговиот автомобил, ги добил клучевите, па тој бил возач, а синот на оштетениот совозач. Несреќата се случила половина час после полноќ, кога синот на началникот движејќи се со поголема брзина изгубил контрола и излетал од коловозот, пишува во образложението на пресудата.
Возилото од ударот било оштетено, но за среќа во сообраќајката немало жртви. Случајни минувачи повикале брза помош иако ниту оштетениот ниту тужениот имале потреба од лекар. На лице место дошле и двете семејства, таткото на момчето кое тужи и таткото на обвинетиот, началник во СВР Битола кој ноќта кога се случила несреќата бил на работа, а на местото на несреќата пристигнал со службена кола без полициски ознаки, но придружуван од негов колега полицаец во униформа.
Прво тужениот Н. Кој бил на лице место го прашал дали возилото му е каско осигурено, а тужителот му кажал дека нема такво осигурување, а потоа тужителот ги прашал тужениот Н. и друго лице кој биле со него со полициска ознака, што да преземат и добил одговор дека ако се јави во полицијата трошоците и проблемите ќе бидат уште поголеми во однос на возилото и тужениот, пишува во пресудата.
Поле настанот, возилото го земале началникот и неговиот син со слеб служба, при што по неколку дена се сретнале со оштетените во еден ресторан во Битола. По што началникот му посочил на оштетениот дека не се исплаќало возилото да се поправа и предложиле тие да го земат возилото и да го продадат, а за тоа да му исплатат на оштетениот 3.000 евра, пишува во првостепената пресуда на битолскиот суд.
По одреден период таткото и синот оштетени во постапката добиле телефонски повик каде што биле известени дека автомобилот го продале за 750 евра, каде што 50 евра задржале за себе а на оштетените битолчани им дале 700 евра. Дента кога им ги дале парите, ја земале и дозволата за возилото и им ветиле на оштетените дека остатокот од парите 2300 евра ќе им бидат дадени за брзо време.
Но, со месец иако началникот имал средби со таткото на оштетеното момче и неговиот адвокат, сумата до 3.000 евра не била исплатена. Случајот бил даден на суд каде што следи престврт. Началникот и неговиот син негираат дека воопшто се случила сообраќајна несреќа на 16 април 2017 година. Во прилог им било тоа што вечерта кога е случила несреќата не била повикана полиција иако тој бил на работа, а според наводите во образложението на пресудата со службено возило пристигнал на местото на настанот во придружба на униформиран полицаец. Но, судот за несреќата обезбедил информации од брзата помош каде што била повикана од случајни минувачи.
Со писмен доказ доставен од Брзата помош се утврдува дека со сигурност настанала сообраќајна незгода и на лице место биле евидентиран сведокот и второтужениот. Судот оцени дека исказите на тужените во целост се дадени со цел да ја избегнат обврската за плаќање а договорениот износ со тужителот. Поради тие причини судот не го прифати исказот на тужениот, во кој наведува дека тој не бил на лице место после настанот, дека немал средби со адвокатот на оштетениот во неговата службена канцеларија, дека неговиот син таа вечер бил излезен со девојката а не со другар му, стои во пресудата.
Судот во Битола носи одлука тужените да им платата уште 2.3000 евра на оштетените. На пресудата донесена од битолскиот суд, има право на жалба до повисокиот суд во случајот Апелација. Но, она што се наметнува како прашање е дали кога судот разрешувал граѓанска парница, МВР знаела за што е тужен началникот.
Несомнено за ова побарале одговор од МВР и прашале дали евентуално биле направено некакови дисциплински пропусти каде што по сугестија на началникот не била повикана полиција за да изготви записник за случајот.