понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ниедна слика нема да го „испере“ Филипче од одговорност за 846 смртни случаи

Ниедна слика нема да го „испере“ Филипче од одговорност за 846 смртни случаи

На последните објави на социјалните мрежи на министерот за здравство Венко Филипче, кои предизвикуваат се поголем револт кај граѓаните, се чини дека незадоволството станува се поголемо и одговорноста кај Филипче е неизбежна во ситуација на 846 починати и 5.550 активни случаи од коронавирус.

Според енормите бројки на новозаболени од почетокот на месецот земјава стигна до 5.830 новозаболени и 107 смртни случаи само за 19-тина дена. Се уште сме земја во регионот која е лидер во бројката на смртност на милион жители, а статистиките се се полоши од ден на ден.

Кластери нема, затоа што најголемиот број од заразените не знаат од каде се заразиле, па има и такви граѓани кои се шетаат слободно незнаејќи дека се заразени, а државата нема систем на распознавање, затоа што ситуацијата одамна не е под контрола.

Додека Филипче во очајни обиди со постирање на социјалните мрежи слики за поддршка на медицинските работници, се обидува да биде популарен и застапен, воопшто не е омилен при своите колеги кои од инфективните клиники најавуваат се поголем број на откази главно заради непрофесионалниот однос на државата и надлежните кон нивниот труд.

Починати се премногу, проблемите се извесни и надвор од контрола главно поради неажурноста на Владата. Само во изминатиов период неколку министри за здравство си поднесуваат оставка како министерот Виктор Костаче во Романија, Лукас Шчумовски до Полска, Јаков Литцман од Израел, Тина Намесниовски од Канада, Адам Војтех од Чешка, Дејвид Кларк од Нов Зеланд, но се чини дека кај нас одговорноста на функционер и покрај 846 починати изостанува.

Во тек се нови законски измени кои сега Филипче ги има предложено до Собранието, како и нови рестриктивни мерки кои доцнат веќе една недела затоа што бројките на новозаболени во меѓувреме се енормни.

Министерот иако сака да придобие симпатии од граѓаните со неговите објави, не може да ги обвини граѓаните кои од него бараат да си даде оставка.

– За термин за тестирање се чека и по 5 дена, кои за некои постари и болни пациенти може да бидат пресудни, ама битно вие секоја недела со нозете во вис, не тестирате бидејќи недела нели е ден за одмор, нема везе што короната на велико зема замав… И како сакате граѓаните да ве сфатат сериозно? Па уште и карантин спомнувате како опција… Не ви е бе вака малку незгодно? – го прашува министерот еден граѓанин во коментар.

-Задолжително носење МАСКИ НА ОТВОРЕНО е со неколку цели: Терор врз население; Собирање пари од казни; Протнување закони и тендери под изговор “Ковид мерки” со обична одлука на влада и заобиколување на собрание; и Колективен пад на имунитет на населението – му коментира граѓанин на Твитер на министерот.

Пораки и прашања од типот „ Колку пари беше мерцедесот?“, „Кога ќе си дадеш оставка“, се чести на профилите на министерот, па оттаму не може да биде занемарен ставот од граѓаните и ни фактот дека според истите време е Филипче да си поднесе морална одговорност.

Најнови вести