среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Николоски: Имаме докази дека поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ до Ахмети, Џафери и трета страна на УСБ доставил измени на КЗ, а тоа се скоро истите кои поминаа во Собрание

Николоски: Имаме докази дека поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ до Ахмети, Џафери и трета страна на УСБ доставил измени на КЗ, а тоа се скоро истите кои поминаа во Собрание

Однесувањето на поранешни структури на ВМРО-ДПМНЕ беше многу јавно, два пати се правеше обид за вонреден конгрес во партијата, поранешниот претседател остана активен на социјалните мрежи и имаше став за многу теми, но не и за името, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата 360 Степени што се емитува на јавниот сервис на МТВ.

Николоски додава дека нема збор за францускиот предлог до обзанување на тоа што се случува зад сцената, оттука овие декствувања се од месеци наназад има интензивна комуникација со ДУИ, има контаки и со СДСМ но идеите кои се разговараат не се во корист на државата.

Во делот на докази, посочи Николоски има два дела.

„Едниот дел е, никој нема намера да биде таен агент и да собира докази, не е работа на партијата, ама поранешниот претседате треба да одговори зошто има комуникација и со еден од врвните луѓе на безбедносните структури во македонија, а треба да одговори и тој од безбедносните структури. Второ е, политичкото дејствување, кога ќе видите дека стигнува од неколку страни и кога ќе видите како од каде стигнува“, кажа Николоски.

Николоски посочи дека до партијата стигнуваат и други информации.

„Јас можам да споделам два детали со јавноста. Прво, се случуваа оваа година една прослава од годишнината на НАТО и потоа се случува средба кај претседателот Пендаровски каде се врвните луѓе од власта на која една од темите е ова сценарио, и се разговара за промена на името и се кажува за една слична акција за промена на Уставот успеала и оти по таа аналогија можеби треба и сега, прв го покренува тоа како прашање Али Ахмети и затоа Пендаровски беше до пола искрен кога кажа дека од него е барано, ама не кажа кој. Втора работа се измените на КЗ. Ние спомнавме дека имамаме докази, еве има и уесбе на кое ги има измените и ако ги прочитате измените на КЗ и истите се доставувани од страна на поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ до Али Ахмети, Талат Џафери и трета страна. И ако ги прочитате измените за членовите 353 и 394, злоупотреба на службена должност и злостотничко здружување тоа се предлози за измени кои се исти како оние кои стигнаа во Собранието“, рече Николоски.

Николоски укажа дека има јасна трага од каде е уесбето.

„Самото тоа што текстот од усебето одговара на поминатиот текст во Собранието дава индиции“, кажа Николоски.

Николоски потсети дека на комисиската расправа за КЗ кажал дека од овој закон има корист власта и поранешни структури од претходната власт. Тој потсети дека корист има Оливер Спасaсoвsки или нема да одговара за набавката на чизми во МВР, Васко Ковачевски нема да одговара за барањето мито од 250 илјади евра во РЕК Битола, се подобрува положбата на Мухамед Зеќири, Драги Рашковски, потоа застареност ќе има на многу дела на Зоран Заев.

Најнови вести