Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во изборна единица 4, Александар Николоски, во централниот дневник на ТВ Алфа рече дека Зоран Заев е на врвот на аферата Рекет, посочувајќи дека тој уште минатата година го кажувал тоа, но како што рече Заев му се заканувал со тужба.
Тажната вистина за четвртата изборна единица е тоа што сите го слушнавме, а тоа е дека Заев бил на врвот на аферата рекет, и јас тоа прв го кажав минатата година, во месеци август од селото Банско тука во Струмица. Тогаш Заев се закани дека ќе ме тужи со клевета, но се уште не сме стигнале до судскиот процес затоа што бега од истиот, но еве денес се покажа дека тоа било вистина, вели Николоски.
Николоски потенцираше дека Заев побарал 6 милиони евра рекет со што се покажува дека тој е на врвот на пирамидата која што рекетира во Македонија, додавајќи дека со победата на ВМРО-ДПМНЕ на 15 јули следува и кривична одговорност.
Имено, самиот тој побарал над 6 милиони рекет во Македонија, што само покажува дека тој е на врвот на пирамидата која што рекетира во Македонија. На тоа мораме да ставиме крај, мора да има кривична одговорност и политичка одговорност. А одговорноста почнува со победата на 15 јули.