среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Нинџа не бил во штабот на ВМРО-ДПМНЕ пред настаните на 27-ми април: Вештак потврди дека омилениот сведок на Рускоска лажел

Нинџа не бил во штабот на ВМРО-ДПМНЕ пред настаните на 27-ми април: Вештак потврди дека омилениот сведок на Рускоска лажел

Според анализата на базните станици и мобилните телефони кои ги поседувал Александар Василевски Нинџа, станува се појасно и појасно дека „дежурниот сведок“ на Рускоска лажел на судењето за 27-ми април.

На денешното рочиште вештакот проф. д-р Мирослав Котевски ја презентираше неговата анализа на движењето на Нинџа согласно базните станици на кои се регистрирале неговите два телефони.

Котевски тврди дека за прв пат Нинџа е регистриран на базната станица ВМРО дури по 22 часот, а не во 17:00 (како што тврдеше Нинџа за времето во кое дошол во ВМРО-ДПМНЕ според една верзија), 18:00 (како што тврдеше во друга верзија), односно 18:45 (како што Нинџа тврдеше во трета верзија).

Која и верзија од четирите на Нинџа да се земе дека е вистинита, иако самото постоење на четири верзии укажува дека сведокот Нинџа лажел, не е поткрепена со материјални докази и податоци како презентираните од базните станици од страна на професорот Котевски. Тој вели:

„Корисникот на бројот 076 44**06 (во сопственост на Александар Василевски Нинџа) бил во непосредна близина или во самата зграда на седиштето на политичката партија “ВМРО-ДПМНЕ” во временски период помал од 1 минута (22:19) и корисникот на бројот 075 28**51 (во сопственост на Александар Василевски Нинџа) бил во непосредна близина или во самата зграда на седиштето на политичката партија “ВМРО-ДПМНЕ” единствено во временски период од 5 минути (22:08 до 22:13 часот).

Она што е нејасно е зошто самата Вилма Рускоска не нарачала вакво вештачење уште во првиот случај во кој со помош на сведочењето на сведочењето на докажаниот сведок соработник Нинџа, 15 луѓе беа осудени на над 200 години затвор, како и прашањето зошто Добрила Кацарска не увидела ваков евидентен факт, туку својата пресуда ја темели во огромен дел на евидентно лажното сведочење на Василевски-Нинџа?

Најнови вести