Нов кластер на заразени се појави во општинските простории на Град Скопје. Според информациите на Инфомакс заразен е вработен во градската администрација.
Поради потврдениот случај на коронавирус во првата барака, односно барака број 1 од административниот објект во Градскиот парк оди во изолација.
По потврдениот случај на Ковид 19 на еден од вработените сите негови колеги заминуваат во изолација. Од утринава на сите вработени кои влегуваат во општинските просотории им се мери температура.
Инфомацијата за Инфомакс ја потврдил и портпаролот на Град Скопје, Валон Салиу кој истакнал дека има еден заразен, а 20 вработени се во изолација. Тој потенцира дека превземени се сите мерки за дезинфекција на објектот.