петок, 23. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Нов корона кластер од мерките на Владата – кластер 100 евра! (ФОТО)

Нов корона кластер од мерките на Владата – кластер 100 евра! (ФОТО)

Деновиве сме сведоци на големите гужви пред банките за граѓаните да ја подигнат паричната помош од Владата во износ од 6000 денари.

Фотографиите на кои јасно се гледа дека пред речиси сите банки чекаат во редици по повеќе од 50 луѓе за да ги подигнат тие 6000 денари, е уште еден јасен показател колку сиромашни има во државата додека премиерот Зоран Заев скоро на секое негово појавување во јавноста, не’ убедува дека блескаме на секое поле. Но, реалноста е поинаква, а тоа е дека илјадници луѓе од мака и сиромаштија си ги ризикуваат животите во време на пандемија за само 6000 денари.

Судејќи по фотографиите, може де да се заклучи дека овие 6000 денари на Владата, не само што не се доволни за граѓаните, туку истите може да создат и нови корона кластери.

Дека сме сиромашна држава, пред некој ден потврдија и од ЕУРОСТАТ каде во нивниот извештај стои дека Македонија е трета најсиромашна држава во Европа.

Најнови вести