четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Нови клиники стануваат ковид центри, Филипче потврди дека се намалува бројот на закажани редовни прегледи

Нови клиники стануваат ковид центри, Филипче потврди дека се намалува бројот на закажани редовни прегледи

Клиниката за педијатрија, Центар за рехабилитација во Козле, Клиника за урологија стануваат ковид-центри, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.

-Стотина кревети на Клиниката за урологија и два ката на Педијатрија се ставаат на располагање за следните денови доколку има потреба. Од утре почнува да се користи капацитетот на Центарот за рехабилитација во Козле каде веќе е поставен кислород и има 40-тина кревети, а инсталацијата ќе продолжи во следните денови на сите 180 кревети, нагласи Филипче.

Тој посочи дека голем притисок има врз болницата во Куманово, но уверува дека насекаде има доволно болнички кревети. Минатата недела и викендот огромен број на граѓани биле хоспитализирани поради коронавирус во болниците.

Министерот во денешната изјава потврди дека е намален бројот на закажани редовни прегледи, а посочи дека тоа ќе биде така и во наредниот период.

-Се намали бројот на закажување на редовни прегледи. Тоа ќе биде така во наредните две – три недели во зависност од притисокот на болниците, истакна министерот.

Филипче уште еднаш ги повика граѓаните да ги почитуваат мерките на заштита.

 

 

 

Најнови вести