Пет дена треба да горите од темература и да ги имате останатите симптоми на Ковид 19 за да ги исполните условите на новиот алгоритам за брзо тестирање. Чекањето не завршува тука – доколку пацинетот е позитивен на брзиот серолошки тест, ќе чека уште најмалку два – три дена за да стигне на ред за ПЦР тест. Па потоа, се чека резултатот, уште најмалку три дена, а во помалите градови и повеќе. Со ова, граѓаните ќе поминат во самоизолација речиси дваесет денови чекајќи само за дознаат – дали се позитивни на ковид или не.
Матичните лекари, со доза на резервираност гледаат на новата задача. Велат дека и онака имаат проблем со закажувањето ПЦР тестирање на своите пациенти а кубурат со термини.
“Алгоритамот треба да биде многу по флексибилен. Лично би ставил да бидат по лекарска проценка – во оваа ситуација каде што трансмисијата е неконтролирана…апсурдно е алгоритам. Имаме ние примери: ти одговара пацинетот на сите прашања позитивно – конфирматорно, и ти вика јас немам тешка патологија и немам тешки симптоми на дишење – и тој пацинет не може да направи тест. Ако ние сакаме да се отвори државата и да не бидеме во карантин, мораме агресивно да тестираме.” – вели д-р Ненад Лазаров, матичен лекар.
Маките на матичните лекари не запираат тука, и во услови на пандемија месечната капитација сеуште ја примаат со задоцнување од два месеца, пред неколку дена ја добија капитацијата за Август, д-р Лазаров вели дека договорот со Фондот не е прекршен, но бара доколку е можно таа пракса да се промени – бидејќи имаат голема потреба од тие средства.
“Ни беа ветени 95 денари по капитационен бод…сега ни е 65 денари.Неколку пати предложивме ако не е финансиски моќна државава со зголемување во моментов, барем една од тие капитации што ни ги должат, на пример Септември да ни го платат ние драстично ќе бидеме во подобра финаниска состојба.Бидејќи вака чекаме до последно за да можеме плата да дадеме а трошоците се многу поголеми од претходно.” – вели д-р Ненад Лазаров.
Во однос на пандемијата д-р Лазаров предупредува дека најлошото допрва не чека,односно во текот на следнава недела ќе имаме уште полоша и потешка епидемиолошка состојба.