среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ново видео од хоророт на Филипче наречен „се е под контрола“, со чадор се штитат од фекалии во битолската болница

Ново видео од хоророт на Филипче наречен „се е под контрола“, со чадор се штитат од фекалии во битолската болница

Со закачен чадор, пациентите во битолската болница се штитат од фекалии додека се во тоалет. За лошите услови во Клиничката болница во Битола сведочи пациент, кој на социјалните мрежи објави видео на кое покажува во каква состојба е болница.

Пациентот вели дека се работи за дел од болницата каде болничките услови се сметаат за подобри и за ова треба да биде запознаена целата јавност. Додава дека во едниот тоалет пациентите сами поставиле нова светилка за да може да имаат светло.

Јавноста вчера преку социјалните мрежи имаше можност да види уште една ситуација на „се е под контрола“ исто така од битолската болница, односно во дневната болница.

Пациент објави фотографија на која јасно се гледа како додека примаат инфузија, до нив на креветите има починати пациенти чии тела се покриени.

Најнови вести