недела, 11. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Облачно со дожд на Велигден

Облачно со дожд на Велигден
илустрација

Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно. Наутро ќе има дожд во западните делови, а попладне и во вечерните часови локален пороен дожд и ретка појава на грмежи во најголемиот дел од земјата. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната од 13 до 20 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне со повремен дожд кој ќе продолжи и во ноќните часови. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 19 степени.

Во наредните денови следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои претежно во попладневните часови локално ќе бидат поројни и повремено проследени со појава на грмежи и ветерот кој до среда ќе биде од јужен правец.

Најнови вести