понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Облачно време со слаб дожд, на планините снег

Облачно време со слаб дожд, на планините снег

Времето во Македонија ќе биде облачно со слаб локален дожд во утринските часови, а на планините со слаб снег. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен претежно западен ветер.

Утринската температура ќе се движи од нула до седум, а дневната од осум до 16 степени.

Во Скопје слично време, во утринските часови со услови за слаби врнежи од дожд, а ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе достигне до 13 степени.

Утре ќе има преодно стабилизирање на времето. Нов влажен и постуден бран со врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег ќе има за време на викендот. Пообилни врнежи ќе има в сабота.

Најнови вести