вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Од коронавирус починаа 328 македонски граѓани, бројот на жртви расте секој ден

Од коронавирус починаа 328 македонски граѓани, бројот на жртви расте секој ден

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1454 тестирања, а регистрирани се 165 нови случаи на ковид-19 во:

Скопје-71, Куманово-15, Дебар-1, Штип-10, Прилеп-5, Тетово-20, Струга-3, Велес-1, Битола-3, Охрид-10, Гостивар-14, Пробиштип -4, Македонски Брод-1, Кичево-2, Ресен-5..

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 128 оздравени пациенти од: Скопје-97, Штип-11, Тетово-3, Велес-2, Битола-2, Струмица-1, Ресен-11, Неготино-1.

Починати се 7 лица, двајца пациенти од Скопје, двајца од Куманово, еден пациент од Струга, еден од Кочани и еден пациент од Неготино.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починат е пациент (55г). Во ГОБ „8 септември“ починати се двајца пациенти (68г) и (63г).

Во болницата во Кавадарци почина пациент од Неготино (56г), во болницата во Кочани пациент (56г). Во Куманово се починати двајца пациенти на возраст 71г и 79г.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6787, бројката на оздравени пациенти е 2876, на починати е 328, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3583.

Најнови вести