Времето утре во Република Македонија ќе биде прoменливо облачно, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. УВ=7.
Утринските температури ќе се движат од 10 до 16 степени, а дневните од 18 до 29 степени Целзиусови.
До сабота ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина воден талог), силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град.
Во петок се очекуваат пообилни количини воден талог. Дневната температура ќе биде во опаѓање. Од недела ќе има постепено стабилизирање на времето со пораст на температурата.