сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ОД ПОНЕДЕЛНИК ПРЕСВРТ ВО ВРЕМЕТО – за време на новогодишната ноќ разочарувачка прогноза

ОД ПОНЕДЕЛНИК ПРЕСВРТ ВО ВРЕМЕТО – за време на новогодишната ноќ разочарувачка прогноза

Времето утре наутро по одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.

Во Скопје претпладне ќе има појава на магла и ниска облачност, а попладне сончево со мала до умерена облачност.

Во сабота времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, по одделни котлини магливо или со ниска облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.

Во недела времето ќе биде наутро по одделни котлини со магла или ниска облачност, преку денот сончево и потопло. Ќе дува слаб ветер од северен правец.

Во понеделник времето ќе биде наутро по одделни котлини со магла или ниска облачност, преку денот сончево и потопло. Ќе дува слаб ветер од западен правец.

Според долгорочната прогноза на „ Аccuweather “ снег нема да имаме ниту до крајот на оваа година, а за време на новогодишната ноќ ќе имаме облачно време.

Најнови вести