Деновиеве, а речиси и последните два месеци Република Македонија ги бележи најцрните статистики од корона вирусот по бројот на починати и заразени, како во регионот така и во Европа, но она што остава најголем впечаток е фактот што високите функционери на СДСМ, особено струмичкиот пратеник Коста Kостадинов нигде ги нема да повикаат на оставка и одговорност од страна на надлежните.
Додека власта се подготвуваше за предвремените парламентарни избори кои што се одржаа на 15-ти јули, а во тоа време со Македонија раководеше техничка Влада, СДСМ и покрај тоа што беше власт не избираше начин и средства да ги нападне опонентите, односно, единствениот министер назначен од страна на опозицијата Наќе Чулев.
Тогаш, своевремено портпаролот и пратеник Костадинов ќе излезеше на прес конференција и ќе истакнеше дека за состојбата во земјата, односно за бројот на заразени кои што тогаш можеа да се избројат на прсти е виновен Наќе Чулев и Мицкоски, а денеска кога Македонија ги бележи најцрните статистики по троцифрена бројка на заразени и двоцифрена на починати и кога бројот на активни случаи моментално во државата е над 10.000 заразени со корона што значи деветкратно повеќе од кога што Наќе раководеше со МВР, овој полтрон на власта од Струмица, Коста Костадинов платен со народни пари и кој ги ужува сите бенефиции и благодети кои што ги нуди функцијата пратеник го нема нигде во јавноста да побара одговорност од неговите ментори.
Претходно Костадинов со своите прес конференции знаеше да биде инвентар пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ „како што би рекол и самиот тој белата палата“, а месеци наназад кога Македонија е на дното по сите параметри го нема никаде да побара одговорност од Спасовски и другите.
Од друга страна пак треба да се напомене дека, можеби во периодов Костадинов и нема опција од кого да побара одговорност, бидејќи неговите ментори, кои де се заразени со Ковид-19, некои се на Инфективната клиника, а други во изолација поради контакт со заболен.
Останува за крај уште да се напомене дека пратеникот Костадинов после објавата на директорот на струмичката болница Наќе Гогов кој што побара донации за амбулантно возило за истата болница, веднаш истиот објави дека било „набавено“ ново амбулантно возило, ама истото ќе пристигнело после два месеци…„од оваа објава на Костадинов може да се заклучи дека амбулантно возило струмичката болница засега во наредните два месеца нема да добие“, односно дека е направена само нарачка, а истото ќе се смета за набавено кога на располагање ќе го добие болницата во Струмица.