Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска нема да ја продолжи седницата на која се одвива амандманската расправа за Буџетот за 2021 година, откако претседателот на ова собраниско тело Тимчо Муцнски вчера објави дека е позитивен на Ковид-19.
Од Собранието информираат дека денеска во претпладневните часови завршило земањето брис од страна на Институтот за јавно здравје на вработените во Комисијата и на дел од пратениците, кои биле во контакт со претседателот на комисијата Тимчо Муцунски.
– Веднаш штом пристигнат, истите ќе бидете известени за времето на продолжување на работата на комисијата, соопштија од Собранието. (МИА)