четврток, 7. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Одложена оставката на Заев поради несреќата во Бугарија

Одложена оставката на Заев поради несреќата во Бугарија

Денешните закажани седници на Централниот и на Извршниот одбор на СДСМ, на кои требаше да се ефектуира оставката на премиерот Зоран Заев, се откажани поради автобуската несреќа во Бугарија, соопштија од партијата.

„СДСМ и целиот наш народ е во болка и тага поради страшната трагедија што се случи во Бугарија. Закажаните состаноци на ИО и ЦО се одложени. Сочувство до семејствата и целиот наш народ“, соопштија од таму.

Седниците кои беа закажани за вечерва, беа на барање на Заев, кој изјави дека ќе бара признавање на неговата оставка од функцијата лидер на партијата, што тој ја најави на 31 октомври, по поразот на СДСМ на локалните избори.

По констатирањето на оставката на Заев, од највисоките партиски органи, ќе започне рокот од 15 дена за распишување на внатрепартиски избори за нов лидер, по што се очекува избраното  лице да стане и мандатар за состав на новата влада.

Најнови вести