понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Опасната индиска мутација на коронавирусот пристигна во Македонија

Опасната индиска мутација на коронавирусот пристигна во Македонија

Опасниот и позаразен индиски сој на Ковид-19 стигна и во Македонија.

Мутацијата минатата недела била откриена кај пациент кој е хоспитализиран во приватна болница. Тој се вратил од Ирак каде што 10 дена бил болен. Кога стигнал во земјата веднаш со санитетско возило го транспортирале на болничко лекување, соопштија од Министерството за здравство.

Индиската варијанта на вирусот е речиси 40 проценти позаразна од британската и како што велат инфектолозите, повеќе е загрижувачка за ранливата популација. Масовната вакцинација може да спречи повторна експанзија на вирусот, но експертите предупредуваат дека тоа не значи граѓаните да се опуштат.

-Дали ќе дојде до ширење и експанзија зависи од процентот на вакцинирани. Колку е поголем тој процент толку е помала шансата да дојде до експанзија на вирусот како што беше со британскиот сој и воведување на карантински мерки. Лицата кои се вакцинирани со две дози имаат делумен имунитет и од оовј сој и според некои студии дури 80 проценти од нив ќе бидат заштитени од потешки форми, вели Д-р. Маја Дуганова раководител на инфективно одделение во ГОБ 8-ми септември, пренесува Сител.

Во 8-ми Септември во моментот имаат 27 пациенти со Ковид-19 и велат дека состојбата е драстично подобрена во споредба од пред два месеци кога само дневно имаа над 250 прегледи.

-Ние се уште имаме пациенти на Интензивна и во Инфективното одделение, меѓутоа бројот е драстично намален и јас сум оптимист дека ќе се задржи оваа состојба, вели Дуганова.

Иако индиската мутација е присутна во земјата тоа нема да ги смени рестрикциите кои се на сила. Актуелните мерки ќе важат до 15-ти јуни одлучиле утринава на Главниот координативен кризен штаб по предлог на Министерот за здравство. Дали по 15-ти ќе биде укинат полицискиот час ќе зависи од епидемиолошката состојба. Во моментот активни случаи на вирусот има помалку од 700-тини а на болничко лекување се 126 болни.

Најнови вести