Сите научивме дека редовно и темелно миење на рацете и лицето е неопходно за заштита од коронавирусот. Но, не смееме да заборавиме на нешто што е исто толку важно, а тоа е оралната хигиена.
Важни совети за читателите на КУРИР има стоматологот доктор Светлана Илиевска.
-Денес се соочуваме со невидлив непријател кој немилосрдно нé напаѓа. Уште еднаш човештвото е ставено пред испит како да се справи со сево ова. Денес кога животот веќе ни е загрозен со загадувањето, со безмерно трошење на природните ресурси, со пренаселеноста, дури ќе речам и со нарушените меѓучовечки односи, кога ја нема веќе онаа хуманост и меѓусебно помагање како во некое минато, денес треба да се бориме за нашето здравје и со невидлив непријател, вирусот Covid 19, вели таа.
Порачува дека, секако, примарна заштита за таа цел е оралното здравје.
Неопходно е често миење на забите со паста, четка и вода, но докторката објаснува дека во овој период на коронавирус степенот на заштита треба да се крене на повисоко ниво.
-Ако вие редовно и темелно ги миете забите и притоа користите 3% хидроген, правите алкална средина во устата во која вирусот не може да преживее и да дојде до белите дробови кои му се крајна цел. Миењето на забите досега се препорачуваше два пати дневно, но во овие услови би било пожелно тоа да го правите и повеќе од два пати. Редовното миење на заби, плакнењето на устата со 3% хидроген, па дури се препорачува и пиење на вода со неколку капки хидроген од 3%, а со поголема концентрација раствор на 3% хидроген и вода (3:1) за плакнење на носниците, ние му оневозможуваме продор на вирусот кон белите дробови, вели доктор Илиевска во интервјуто за КУРИР.
Нејзиниот совет е четкањето на забите да биде темелно, а плакнењето обилно.
Дел од граѓаните беа во дилема дали во овој период треба редовно да посетуваат стоматолог.
Според советот на доктор Светлана Илиевска, овој период не треба да одите на стоматолог за обични, контролни прегледи. Ординациите се препорачува да ги посетите само доколку имате забоболка.
Докторката советува: Почитувајте ги препораките и седете дома!
Но, на забите им нанесувате штета токму во овие денови, кога сте повеќе дома и често грицкате нешто.
-Со седењето дома се отвораат можности за повеќе грицкање седејќи пред телевизор, читајќи книга или слушајќи музика. Се знае дека храната што останува подолго време во устата се претвора во дентален плак, кој прави кисела средина, го нагризува емајлот на забите и предизвикува кариес. Таа кисела средина во устата им одговара, не само на бактериите, туку и на вирусите. Поради тоа, почитувајте ги препораките за седење дома, побргу да ја добиеме оваа битка и добро одржувајте ја својата орална хигиена, порачува стоматологот Светлана Илиевска во интервјуто за КУРИР.