вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Откажете ги плановите за прошетки на отворено, времето викендов нема да ви се допадне

Откажете ги плановите за прошетки на отворено, времето викендов нема да ви се допадне

Времето утре ќе биде умерено до значително облачно, кон крајот на денот ќе има локални врнежи од дожд претежно во посеверните делови, а повремените врнежи ќе продолжат и преку ноќта.

Ќе дува слаб до умерен променлив ветер, а кон крајот на денот од северните делови ќе се прошири засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во нтервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 18 до 23 степени.

Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен северен ветер кој пладне ќе засилува. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 23 степени.

Под влијание на влажна и студена воздушна маса во недела и во понеделник времето ќе биде облачно, ветровито и значително постудено со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.

Пообилни врнежи (над 20 л/м2) ќе има во недела, особено во јужните и источните делови. Дневните температури ќе се намалат за повеќе од 10 степени, а од вторник на места ќе има утрински температури под нула.

 

Најнови вести