петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Оздраве единствениот заразен: Во овој македонски град нема ниту еден случај со коронавирус

Оздраве единствениот заразен: Во овој македонски град нема ниту еден случај со коронавирус

Оздраве единствениот позитивен пациент на Ковид-19 во Пехчево. Како што соопштија од Здравствен дом Пехчево, станува збор за вториот од двајцата брачни партнери, кои пред повеќе од еден месец беа позитивни на коронавирус.

-И двајцата пациенти беа во добра состојба по објавувањето на нивните позитивни тестови. Ова значи дека во Пехчево во моментот нема повеќе активни случаи на коронавирус, заради што се надеваме дека така и ќе остане, информираа од Здравствен дом Пехчево.

Во моментот во Малешевијата има само еден активен случај на коронавирус. Станува збор за пациент од Берово, кој пред една недела беше позитивен на корона-тест, што е вкупно 4-ти случај во оваа општина.

Во останатите општини од опкружувањето, подолг период нема регистрирани позитивни лица на вирусот. Македонска Каменица е единствената во државата каде од почетокот на пандемијата не е забележано присуство на Ковид-19.

Најнови вести