недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пациентите по прележан коронавирус пријавуваат “мозочна магла“, доктор Даниловски објаснува што значи тоа

Пациентите по прележан коронавирус пријавуваат “мозочна магла“, доктор Даниловски објаснува што значи тоа

Професорот на Медицинскиот факултет, доктор Драган Даниловски за „Слободен печат“ објаснува дека „мозочната магла“ што сѐ поголем број пациенти со прележан Ковид-19 пријавуваат дека ја чувствуваат, е невролошки симптом што може да трае и повеќе месеци по поминувањето на болеста.

-Симптомите на „мозочна магла“ се проблеми со меморијата, недостиг на ментална јасност, слаба концентрација, чувство на отсутност, главоболки и конфузија. Многубројни студии откриле дека некои луѓе што имале Ковид-19 развиваат компликации како што се изменета свест или енцефалопатија. Воспалението во мозокот ја попречува можноста на невроните да комуницираат едни со други. Ова може да биде еден од факторите што придонесува за појава на „мозочна магла“, вели д-р Даниловски за „Слободен печат“.

Најнови вести