вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Парите на хендикепираната мајка пропаднаа во Еуростандард која Заев и НБРМ ја однесоа во стечај

Парите на хендикепираната мајка пропаднаа во Еуростандард која Заев и НБРМ ја однесоа во стечај

-Не сме 0,6 процент како што не претставуваат, туку сме цели семејства и фирми кои моментално сме во незавидна состојба, порача Дејан Николовски дел од Здружението на оштетени штедачи од Еуростандард банка на вчерашниот протест пред Народна Банка.

Потресни семејни приказни и трагедии, цели семејства оставени без денар се работите кои ги поврзуваат неколку илјади граѓани, кои ги изгубија своите депозити поради пропаѓање на Еуростандард банка, на 12 август или како што велат тие најцрната среда во нивните животи.

Помеѓу трагичната сторија, е и сторијата на една мајка која не може да го лекува свпето семејство во странство, татко на две деца кој работел на мисија во Ирак и Авганистан, а кој еднаш бил оштетен во аферата ФРИКОМ, сега повторно се соочува со истиот проблем, односно своите пари кои ги штедел од 2012 година им се заробени.
Мајка добила пари како оштета за нанесувањена лесна телесна повреда од небрежност во една државна институција и истите се уплатени во Еуростандард банка, и се наменети за лекување на нејзиното болно дете во странство. Парите се заробени и детето не може да се лекува.

Татко на две деца повеќе од 15 години работи на мисија во Ирак и Авганистан, тешко спечалени пари со пот и крв. Прв пат биле оштетени како семејство во аферата ФРИКОМ, за да повторно сега сите средства од 2012 им се заробени во Еуростандард Банка. Семејството е во очајна ситуација.

Но, има и такви кои штеделе за да може да си обезбедат покрив на главата, но сега живеат под кирија, пензионери кои биле оштетени од аферата ТАТ сега повторно се соочуваат со уште една афера.
Имаме штедачи кој подолго време штедела да купат свој дом за себе или за своите најблиски и сега средствата им се заробени. Сега живеат под кирија.

Пензионерите ставиле цели заштеди во банката. Некои непосредно пред да се затвори банката, меѓу нив има и луѓе кои биле дел од аферата ТАТ.

Според информациите, поради пропаѓање на Еуростандард банка фирмите се соочуваат со неликвидност, не можат да се исплатат плати на работниците, а има и такви кои се затвораат поради настаната состојба.

-Фирмите страдаат исто така. Парите кои се заробени целосно пропаѓање на банката, доведени во тешка состојба, не може да сервисираат долгови, немаат ликвидност, не можат да работат, вработените да земаат плата, блокирани се, а фирмите се затвораат поради настанатата состојба, вели Николовски.

Една од присутните пензионерката Радица Фириева самохрана мајка на два сина, е разочарана од целиот систем, бидејќи како што рече еден од синовите после завршување на факултет заминал за Америка кој 15 години макотрпно работел за да си обезбеди дом и семејство, но за жал поради затворање на банката желбата не им се остварила.

-Јас сум родител на два сина и самохрана мајка. Мојот син поради тоа после факултетот замина во Америка и 15 години макотрпно работеше за да заштеди кога ќе се врати да може да си купи стан и да си оформи семејство. Во јуни требаше да дојде, нашата желба да ја оствариме, но поради корона вирусот сето тоа се стопира. Морам да кажам дека сум многу разочарана од нашиот систем, вели пензионерката Радица Фириева, една од штедачите.
Николовски, додаде дека иако Народна банка на Република Македонија убедува дека банкарскиот систем е стабилен, сепак голем број на граѓани од други банки секојдневно доаѓаат во Здружението да се консултираат што да прават со своите заштеди, загрижени дека можи истото да им се случи.

Но, не само штедачите од Еуростандард банка, со ист проблем се соочуваат и над 2300 вработени во АД Македонска Пошта поради стечајот на Еуростандард банка, скандал тежок 200 милиони евра.

Исплашени дека ќе ги загубат своите работни места, стравуваат дека ќе останат без финансиските средства од кои ги прехрануваат своите семејства, се уште нема одговорност за екс министерката за финансии од СДСМ Нина Ангеловски која на само неколку дена пред отворање на стечајната постапка на Еуростандард банка го извлекла својот депозит од 200.000 евра од сега веќе пропаднатата банка.

Најнови вести