Ние како држава реално треба да направиме одредени услови за младите тука да се пронајдат. Прво тука треба да имаме функционирање на право, да имаме функционирање на здравство, подобра социјална заштита, да немаме пад на економија или она што беше проектиран растот од 5 проценти од БДП а сега имаме 0 проценти, имаме лоши услови по студентските домови, имаме укинување на додатокот за трето дете. Ние како држава прво мораме да створиме услови за реално да бидеме близу до Европа, а не само декларативно, вели Кирил Пецаков, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во неговото гостување во емисијата Отворено на телевизија Алфа.
Според Пецаков програмите на СДСМ и во минатото но и денес се покажале само како панфлет а не како реални програми со кои ќе се решат проблемите на граѓаните.
Тој нагласи дека доколку СДСМ навистина се грижела за иселените 600 илјади млади лица имала рок од 2 години колку што се на власт за да спроведе мерки со кои ќе ги вратат во Македонија.
-Реалноста е дека во овие две години ако нешто се правело, требало реално да се направи. Ако реално се грижеле за тие 600 илјади р како што тие велат раселени лица мислам дека 2 години е сосема доволен период за да преземат мерки и да се вратат, потенцираше Пецаков.