петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пецаков: Набавка на Мерцедес имало и во Србија и Албанија, но немало политички прогон како во Македонија

Пецаков: Набавка на Мерцедес имало и во Србија и Албанија, но немало политички прогон како во Македонија

Кирил Пецаков, член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ во денешното негово гостување во емисијата Отворено на ТВ Алфа истакна дека врз поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски се вршел политички прогон и реваншизам.

Според него пресудата за предметот Тенк за набавка на Мерцедесот за потребите на Министерството за внатрешни работи е политичка бидејќи набавка на автомобил имало и во соседна Србија и Албанија, но за разлика во Македонија тоа резултирало со затворска казна.

Беше осуден за предмет каде што го има и во соседните држави и Србија и Албанија, каде што со иста цена се набавени такви возила за потребите на нивните премиери и високи претставници, вели тој.

Пецаков додаде дека Македонија и сите политички партии треба да се залагаат за евроинтеграцискиот процес но главното прашање треба да се постави како ќе се движи Македонија на тој пат, потенцирајќи дека тоа не треба да се прави преку ништовниот договор кој го потпиша владата на СДСМ и со кој се деградира македонскиот идентитетот.

Најнови вести