сабота, 13. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Пецаков: Секаде постои разочарување од власта и нејзиното владеење

Пецаков: Секаде постои разочарување од власта и нејзиното владеење

Бевме во Преспа, во селата Дрмени и Долна Бела Црква. Сликата како и секаде е дека постои разочарување од власта и нејзиното владеење, напиша членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Кирил Пецаков на Фејсбук.

-Тука како и во цел Ресен најголеми проблеми се откупот на јаболката и иселувањето на младите, а за жал власта нема решенија. Ние со комплетно нови политики преку честитост и чесност ќе се потрудиме да изнајдиме решенија и заедно да одиме во обнова на Македонија!, додава Пецаков.

Најнови вести