петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пет лица од Клиниката за дерматологија имаат коронавирус, ги заразила директорката Цаца

Пет лица од Клиниката за дерматологија имаат коронавирус, ги заразила директорката Цаца

Пет лица од Клиниката за дерматологија се позитивни на коронавирус, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

Тие пет се регистрирани во новите 29 случаи од изминатото деноноќие.

-После 16 дена поминати во изолација без никакви симптоми, на земените материјали тие имаат позитивен резултат. Тоа се колеги и се во добра општа состојба и се практично асимптоматски. Ќе продолжат да бидат во домашна самоизолација согласно нивната состојба, рече Филипче.

Оваа група е поврзана со симпозиумот кој го организирала и присуствувала директорката на Клиниката за дерматологија, за која се потврди позитивниот тест на коронавирус уште пред две недели.

-Од оваа група се тестирани вкупно 30 лица, а позитивни се само овие пет. Во следните денови продолжуваат да се тестираат и останатите поделени во групи и сите тие треба да завршат во следните четири до пет денови, рече Филипче.

Бројките поврзани со првата македонска заразена докторка се повеќе од поразителни. Досега од 30 тестирани со неа, 5-мина се потврдени со диајгностицирано присуство на Ковид-19.

Општо познато на јавноста е дека доктор Цаца со симптоми на коронавирус, доаѓајќи од зимување во високоризичната Италија (податок познат и во моментот нa нејзиното пристигнување во Македонија) се шеташе по симпозиуми, си работеше на Клиниката за кожни болести во Скопје, а оддржа и предавање во скопска Рагуса. Имала и други „активности“.

Невнимателноста на докторката резултираше со досега 5-мина заразени, кои без прејудицирање, но и покрај излоацијата претходно можеле да придонесат во големата бројка заразени во Македонија и Скопје. Прашањето кое логично се поставува е колку од нив заразиле други луѓе, сето поради нечие невнимание, уше пострашно што се разботи за медицинско лице, момент кој отвора сосема друга етичка димензија.

Кога сме кај моралот, уште едно етичко прашање неминовно се поставува – Зошто СДСМ толку ја штитеше својата сопаријка, за која токму ге. сек. на СДСМ Николоски при демантот за  нејзино присуство на свадбата (информациите се дека сепак поминала, но не се заддржала долго) призна дека е дел од партијата, инаку, зошто би присуствувала на состаноци на високи раководни тела на СДСМ.

Единствен кој досега презеде нешто во конкретниот случај е министерот Наќе Чулев, кој поднесе предлог кривична пријава за д-р Цаца.

Дали непотизмот, по кој СДСМ е позната по вработувањата, тендерите и Фондот за иновации, и во овој случај ја дефинира и заштитува дотичната личност преку блискоста со врхушката на партијата од екс Бихаќка, каде со децении гравитира и нејзината сестра, покажувајќи се одлучувачка за третманот и во овој непримерен случај?

Најнови вести