понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Петличковски: Досега починаа шестмина пациенти вакцинирани со три дози

Петличковски: Досега починаа шестмина пациенти вакцинирани со три дози

Претседателот на Комисијата за заразни болести, Д-р Александар Петличковски, вечерва во гостувањето на ТВ Сител информираше дека досега во земјава има шестмина починати од коронавирусот кои биле вакцинирани со три дози.

Според него, постојат повеќе причини зошто имаме висок број на починати од почетокот на пандемијата, а меѓу нив се влошеното здравје, недоволниот опфат на имунизацијата, недостатокот на медицински лица…

„Сакам да упатам апел лекарите да не даваат антибиотици на заболените во првите четири дена со инфекцијата, рече Петличковски, додавајќи дека клиничар доктор треба да процени кога и дали има потреба од тестирање и проверка на крвна слика.

„Се тестира и кога треба и кога не треба. Треба да се направат индикации кога треба да се анализираат д-димери“, додаде Петличковски.

Најнови вести