петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

По Клиниката за нефрлогија, нов кластер е Клиниката за стоматологија?

По Клиниката за нефрлогија, нов кластер е Клиниката за стоматологија?

Влегуваш на Клиниката за стоматологија, на сите страни по ходниците гужва луѓе чекаат за преглед. Откако ќе ве повикаат за преглед влегувате во сала каде има повеќе стоматолошки столици каде ние пациентите седиме со извадена маска, а насекаде се шират аеросоли од турбините. Притоа меѓу столиците нема ниту преграда, ниту се на соодветно безбедно растојание. Ова е сведоштво на пациент кој како што вели „во најмала рака е непријатно искуство на Стоматологија“.

-Имам болки, ми даваа терапија се консултирав по телефон, но потоа требаше да дојдам на преглед да видат дали треба да се прави операција на забот. Знаете како е на стоматологија не може да ве прегледуваат со маска, а салата полна со скоро дваесет лица, раскажува пациентот.

Пред да влезам, продолжува со својата приказна пациентот, ѕиркам низ врата кога излегуваат пациенти, но никако да видам некој доктор да го смени хартиениот мантил, ниту маската.

-Влегувам внатре во салата и пак погледот го фрлам на секоја стоматолошка столица, пациенти со отворена уста, некои завршиле со преглед и ги ставаат маските. Не гледам доктор да ја смени заштитната опрема, се плашам, ама немам избор. Веројатно и докторите немаат избор, не добиваат опрема, вели пациентот.

Но, она што ги зачудува сите на Клиниката и пациентите, е како на Клиника која важи за место каде најлесно се пренесуваат вируси, како и бактерии, се работи на овој начин.

Оттука се бараат одговори од надлежните, пред се од министерот за здравство Венко Филипче кој вели дека се е под контрола и за сите има протоколи. Сите се прашуваат дали Филипче знае во какви услови работат вработените, во какви услови се лечат пациентите?

-Знае ли министерот, кој често го гледам на телевизиските екрани, што се случува овде. Мисли ли дека овој начин на работа, овие услови се добри за нас пациентите, а и за лекарите кои не лечат овде. Едноставно е дали Филипче смета дека овој начин на работа е безбеден како за вработените, така и за пациентите, раскажува пациентот.

Ова дополнително се важни прашања, особено кога се знае дека на Клиниката се имаат појавено неколку случаи на заразени со корона. Меѓу нив е и сестрата на директорката на Клиниката за инфективни болести која работи на детскиот оддел на Стоматологија.

Пациенти на кои наидовме на детскиот оддел велат дека се функционира и се прават прегледи. Но, тоа отвора многу прашања дали останатите вработени кои имале контакт со заразените се во изолација, потоа што со пациентите-деца кои ги прегледувале заразените. Одговор нема ниту за тоа дали начинот на работа на Стоматолигија е соодветен, ниту како се постапило откако се детектирале заразените медицински лица.

Најнови вести