недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

По колку хоспитализирани поради коронавирус има во секој македонски град?

По колку хоспитализирани поради коронавирус има во секој македонски град?

Во изминатите 24 часа  во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 704 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 73 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 48 пациенти. На  инфективното одделение во Тетово има 30 пациенти, во Велес се лекуваат 57 болен, а во Куманово 102 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 91 пациент, во Прилеп 107, во ковид центарот во Гостивар 30, а во Струга 20 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 41 пациент, во Кочани 8 во Кичево 10, Кавадарци 66, а во Гевгелија 16 лица, позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1224 и има околу 317 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, велат од Министерството за здравство.

Најнови вести