Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а попладне вдолж Повардарието засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локален дожд.
Времето во последниот ден од месец март ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди, додека на првиот и вториот ден од месец април ќе имаме нестабилно време со поројни врнежи од дожд, на места пообилни проследени со грмежи и силен ветер.
УХМР објави и актуелно предупредување за во следните денови, особено од деновите од викендот:
Од четврток следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и засилен јужен ветер. Во петок и сабота во попладневните часови ќе биде нестабилно со поројни врнежи од дожд, на места пообилни проследени со грмежи и силен ветер.