четврток, 18. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

ПОЈАСНУВАЊЕ: Еве што точно значи кризната состојба која е прогласена во Дебар и Центар Жупа откако уште четворица жители имаат коронавирус!

ПОЈАСНУВАЊЕ: Еве што точно значи кризната состојба која е прогласена во Дебар и Центар Жупа откако уште четворица жители имаат коронавирус!

Македонија донесе одлука да прогласи кризна состојба во Дебар и Центар Жупа откако уште четири лица се ново заразени од коронавирусот од овој регион.

Ова значи дека во овие општини целосно е забрането влез и излез на луѓе.

Кризна состојба е донесено заедно со одлуката да се ограничи движењето во Дебар и Центар Жупа. Тоа значи забрана за влез и излез од овие општини и имаме обврска да направиме оперативен план, ова денеска на пресот го потврди министерот за здравство Венко Филипче.

-Ние од страна на стручните лица епидемиолози нас ни беше укажано што и како треба да се направи и еден дел од екипата без разлика на кризната состојба е веќе упатена во Дебар од утрово за да се направи подетална анализа на контактите, интервјуа и слично, рече Филипче.

Најнови вести