петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Полицаец во КПУ Затвор-Охрид е позитивен на коронавирус

Полицаец во КПУ Затвор-Охрид е позитивен на коронавирус

Еден затворски полицаец во КПУ „Затвор“ – Охрид е позитивен на вирусот COVID-19, но не доаѓал на работа.

Телевизија Телма објави дека тој од 25-ти мај користел слободни денови, бидејќи добил бебе.

Кога се вратил на работа, на влез му била мерена температура и веднаш бил вратен дома.

Од затворот велат дека се во консултации со Центарот за јавно здравје од Охрид, но дека веруваат дека нема опасност по здравјето на вработените и затворениците.

Најнови вести