среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Полицијата не го спречи биолошкиот тероризам во Собранието, а ОЈО се уште молчи

Полицијата не го спречи биолошкиот тероризам во Собранието, а ОЈО се уште молчи

Во македонскиот законодавен дом вчера се случи буквален биолошки тероризам. Јавноста во шок, а и регионот го осуди однесувањето на власта која нема кворум во Собранието, па на сила од дома ги носи заразените пратеници на седница.

Пратениците Бисера Костадиновска Стојчевска од СДСМ и Мирослав Богдановски од ДОМ сторија кривично дело по член 206 од КЗ, а за истото не важи пратеничкиот имунитет во кој се вели дека тој што за време на епидемија на некоја опасна заразна болест не постапи според прописите или наредбите со кои се определуваат мерки за нејзиното сузбивање или спречување, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.

Исто така, тука влегува и членот 205, според кој сега доколку се случи и едно лице да е позитивно на Ковид-19 по вчерашното влегување на двајцата пратеници заразени од корона вирусот, сторителот ќе се казни со затвор од една до десет години.

Но, полицијата не постапи и не го спречи влегувањето на заразените пратеници во Собранието, а Јавното обвинителство се уште молчи и не постапува по допрен глас и не ги повикува на распит.

Според адвокатот Роберт Милевски одговорност тука има Министерството за внатрешни работи. Како што полицијата апси граѓани кои го прекршуваат полицискиот час, исто така требаше да постапи вчера, да влезе во Собранието и да ги упаси пратениците кои иако се позитивни се појавија на гласање во пленарната сала.

-Таа врши кривично дело загрозување на здравјето на другите и непочитување на мерките за карантин, објасни адвокатот.

Адвокатот пак, Драган Пешевски „пушти глас“ до Обвинителството да ги повика пратениците кои денес го прекршија решението за изолација на распит по членот 205 и 206 од Кривичниот законик за кои не важи пратеничкиот имунитет.

За претседателот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тоа што случи вчера во Собранието, тоа е тероризам, а не настаните од 27-ми април.

-Крајот брзо ќе им се случи, а ќе има и кривични пријави и одговорност за кршењето на протоколите, законите и Уставот, предупреди Мицкоски.

Најнови вести