понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Политичка лекција од Вучиќ за Радев и Петков во случајот со Македонија

Политичка лекција од Вучиќ за Радев и Петков во случајот со Македонија

Старо-новиот претседател на Република Србија, Александар Вучиќ денес положи заклетва во српското собрание и го започна новиот петгодишен мандат како претседател.

Во своето обраќање Вучич кажа кон што ќе се стреми Србија во наредните пет години.

Економија, евроинтеграции, современа војска, Косово и Метохија, соседството…

Имено тој во своето обраќање за соседите најголем акцент стави на Македонија, нормално тој не ги заборави и другите соседи. За Унгарија, Вучиќ рече дека во моментов Србија е во историски најдобри односи со неа, како и со БиХ, Хрватска, Романија, Бугарија, пошироко со Грција и Турција, но акцентот падна на Македонија.

Александар Вучиќ, во своето обраќање пред нацијата рече дека во моментов Србија е најомилениот сосед меѓу Македонците, како и дека тој не смета за браќа, а одлуката на СПЦ со давањето на автокефалност на МПЦ-ОА, тоа братство се зацврстило.

– Благодарение на иницијативата Отворен Балкан, веројатно имаме најдобри односи во историјата со Северна Македонија и Албанија, особено би сакал да им се заблагодарам на Српската православна црква и патријархот Порфириј за исклучително мудрите одлуки што ги донесе и со тоа придонесе за нашите блиски односи со Северна Македонија, и тоа е нешто што историјата, ваша светост, ќе суди, рече Вучиќ, обараќајќи му се на патријархпт Порфириј.

И додека Александар Вучиќ влече мудри и паметни потези, бугарските власти го прават обратното.

Румен Радев кој важи за проруско крило продолжува со блокадата на Македонија кон патот за ЕУ, а ништо подобра ситуација не е ни во коалицијата на премиерот Кирил Петков, каде две политички партии се децидни за ново вето за Македонија на самитот во јуни.

Па наместо да го следат примерот на Вучиќ, тие во 21-век со своите барања сакаат да се вратат во времето на 19-от век.

Денес бугарските медиуми објавија дека Румен Радев и Кирил Петков биле повикани во Париз на средба со францускиот претседател, а тема на оваа средба ќе биде симнување на бугарското вето за Македонија.

По оваа средба работите ќе бидат многу појасни, оваа средба треба да покаже дали и колку на Бугарија и се важни европските вредности или ќе се вратат на сенките од минатото.

Ако во минатото ставот на СПЦ во односите со МПЦ беа цврсти и децидни дека нема афтокефалност, денес по 55 години тие ставови се сосема спротивни, а не беше залудно заблагодарувањето на Вучиќ кон патријархот Порфириј, па оттука можеме да заклучиме дека српскиот политички врв сериозно си ја сфатиле работата и стапиле во акција, а од ова треба да учи бугарскиот политички врв.

Србија со давањето афтокефалност на МПЦ-ОА ги затвори сите отворени прашања со Македонија, а со тоа си го олесни и патот кон ЕУ.

Средбата во Париз е клучна, а Емануел Макрон мора да покаже и да ја оправда улогата на Франција како лидер во ЕУ, нешто што Германија во минатото го правеше перфектно.

 

Ристе Здравков

Најнови вести