сабота, 23. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ПОРАЗИТЕЛНИ БРОЈКИ: Македонија со човечки животи ја плаќа неспособноста на Заев и Филипче

ПОРАЗИТЕЛНИ БРОЈКИ: Македонија со човечки животи ја плаќа неспособноста на Заев и Филипче

Расте бројот на починати лица од коронавирус во Македонија. Додека министерот за здравство Венко Филипче уверува дека состојбата се менаџира и е под контрола, дневните статистики го демантираат.

Македонија вчера повторно имаше црна статистика, 34 починати од Ковид-19 на два милиони жители. Поразителен е бројот на смртни случаи во Македонија, граѓаните со своите животи за плаќаат неспособноста на властите да менаџираат со здравствената криза.

Според податоците од Институтот за јавно здравје кој се однесува за периодот до 29 март до 4 април, во Македонија се регистрирани 260 смртни случаи, што е зголемување за 27,5 проценти.

Драматична е состојбата и во деновите потоа, од 5-ти април заклучно со вчерашниот ден, 12-ти април, Македонија загуби уште 322 граѓани. Вкупно за две недели, додека властите уверуваат дека состојбата ќе се стабилизира, во земјава починаа 582 лица како последица од Ковид-19.

За споредба, согласно вчерашните достапни бројки во Франција имаше 385 починати на 65 милиони жители значи. Франција има 32,5 пати повеќе жители од нас – 65 милиони, што значи дека на два милиони жители тие вчера имале 11,8 смртни случаи, а ние 34.

Италија има 358 мртви на 60 милиони жители, Русија 227 на 145 милиони, Велика Британија 13 починати на 68 милиони, Германија 146 смртни случаи на 84 милиони жители или 3,7 починати лица на два милиони жители. Албанија регистрира само 4 смртни случаи, а Грција 76 на 10 милиони жители…

Додека премиерот Зоран Заев и министерот Филипче сметаат дека не се одговорни и дека не треба да поднесат оставки, цената со живот ја плаќаат граѓаните. Заев и Филипче остануваат на ставовите дека граѓаните треба да ги почитуваат мерки вперувајќи го прстот во нив како виновници за состојбата.

Професорот по теоретска механика, Дејан Трајковски, кој на дневна основа статистички ги следи сите официјални информации поврзани со коронавирусот на Фејсбук пишува дека Македонија ја надмина дури и Белгија според кумулативниот број на починати на милион жители. Италија и Словенија ги надминавме деновиве.

-Кога сме веќе кај овој дијаграм, гледаме колку стрмо искачува вкупниот број на починати во Бразил поради бразилскиот сој на вирусот Р.1. Воопшто не им помогнала ланската висока прележаност од поранешните соеви, а нема да ни помогне ни нам, штом дојде и тука. Да се потсетиме, во Италија од еден единствен увезен случај бразилскиот вирус веќе се раширил на преку 10% од сите случаи. Ако воопшто има мислечки луѓе во нашата извршна власт, крајно време е да ги затворат границите за влез на сите невакцинирани лица или лица без свеж ПЦР тест. Откако вирусот еднаш ќе влезе, потоа ќе биде доцна, иако 5-дневен карантин би можел да го сопре ширењето, по примерот на Австралија. Бадијала ќе бидат оправдувањата дека не верувале дека тој сој ќе биде толку опасен и т.н. Не веруваа ни дека степенот на колективен имунитет е недоволен за да го спречи ширењето на британскиот сој B.1.1.7 (кој ли ги советувал така?), па нивната грешка досега ја платиле со глава околу 1.300 лица. Ќе платат уште толку до смирувањето на пролетниот бран, не сметајќи ги неевидентираните (најмалку 30% од евидентираните), коишто ќе се појават во јулскиот и августовскиот билтен на Државниот завод за статистика, пишува професорот.

Од почеток на епидемијата со коронавирус во Македонија, животот го загубија 4.262 лица.

Најнови вести