Потврден е првиот случај со омикрон, новиот сој на Ковид – 19 во Струга, информира за МИА епидемиологот од Центарот за јавно здравје Јованка Струлакова – Коровешоска.
Се работи за асимптоматски случај кај повозрасно лице, вакцинирано со две дози „Фајзер“.
-Лицето во моментот е во изолација. ПЦР тест правеше пред една недела заради патување во странство. Во текот на скринингот излезе дека е позитивен на Ковид – 19, а денеска добивме потврда дека се работи за новиот сој омикрон, изјави Струлакова – Коровешоска.
Според анкетниот лист, посочи дека лицето не знае од каде се заразило, а како контакти ги навел членовите од потесното семејство.