понеделник, 4. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

ПРЕСВРТ ВО ВРЕМЕТО – УХМР најавуваше снег, но следува неочекуван температурен шок особено во сабота! (ФОТО)

ПРЕСВРТ ВО ВРЕМЕТО – УХМР најавуваше снег, но следува неочекуван температурен шок особено во сабота! (ФОТО)

Утре времето ќе биде сончево со умерена облачност и релативно топло. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Во Скопје сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во сабота времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од јужен правец, кој во текот на ноќта ќе го промени правецот во северен.

Во недела времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и постудено. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој вдолж Повардарието повремено ќе засилува.

Во понеделник времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Инаку ова е голем пресврт во времето со оглед на тоа што УХМР најавуваше снег во текот на викендот, а според последната прогноза не очекува сонце и температури од 18 степени во сабота.

Најнови вести