Ѓорѓи Влајнкиноски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Вевчани, утрово добил закани по живот, но и по животите на членовите на неговото потесно семејство.
Во статусот кој утрово го објави Влајнкиноски пишува:
„Утрово добив телефонски повик од лицето Жарко Лешоски, член на Централниот одбор на СДСМ и директор на ООУ “Страшо Пинџур” Вевчани. Добив сериозни закани по животов мој, по животите на членовите на моето семејство и по животите на членовите на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Вевчани. Ми рече дека ќе ме убиел, ќе ми ја запален куќата, и ќе ја запалел зградата на комитетот со сѐ сите ВМРО-вци. Јас оваа закана ја пријавив во полиција. Утре ќе ги известам и просветниот инспекторат и Министерството за образование“, напиша на својот Фејсбук профил, претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓи Влајнкиноски.
Во телефонски разговор Влајнкиноски ни кажа дека предмалку и синот од Лешоски му се заканувал исто така на телефон. Тој вели дека разговорите се снимени во целост.