четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Професор од кичевско доби кривична: Наместо во самоизолација, делел свидетелства на ученици

Професор од кичевско доби кривична: Наместо во самоизолација, делел свидетелства на ученици

ОВР Кичево, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Д.П.(46) од кичевското село Осој, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

-Тој, во својство на професор и класен раководител во основно училиште во Кичево, на учениците од класот, им доделил свидетелства иако знаел дека потпишал изјава за задолжителна самоизолација, информираат од СВР Охрид.

Најнови вести