Претежно облачно и студено време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег, најавуваат метеоролозите за утре.
Врнежите ќе бидат пообилни попладне и во вечерните часови, кога заради заладувањето ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините снежната покривка ќе се зголеми, а снежна покривка ќе се формира и на повисоките места особено во западните делови.
Во Скопје облачно од пладне со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.