вторник, 6. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Променливо облачно со магла по котлините

Променливо облачно со магла по котлините

Времето денеска ќе биде променливо облачно, со појава на магла или ниска облачност по одделни котлини, особено долж Повардарието. Ќе дува слаб ветер претежно од западен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 14 степени.

Во Скопје, претпладне со појава на магла или ниска облачност, а преку денот променливо облачно и магливо. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на стабилно и претежно тивко време со релативно високи дневни температури. По котлините ќе има појава на магла или ниска облачност со променлив интензитет и пониски дневни температури. Особено топло ќе биде на повисоките места за време на викендот и во почетокот на следната седмица.

За време на новогодишната ноќ времето ќе биде претежно ведро и тивко, а по котлините ќе има појава на магла или ниска облачност.

Најнови вести