сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Работниците на улица, во Струга невработеноста зголемена за 30 проценти

Работниците на улица, во Струга невработеноста зголемена за 30 проценти

Економијата на дното, државата пред банкрот. Јавниот долг на Македонија ја поминува критичната граница од 60 проценти од БДП. Трендот на отпуштање на работници и затварање на компании продолжува.

Овој тренд продолжува и во Струга каде невработеноста е зголемена за 30 проценти од март до август како последица на корона пандемијата. Во март имало 3.142 активни баратели на работа, додека во август бројката се искачила на 4.294.

Отпуштање има во сите сектори. Текстилните фирми, поради затварање на пазарите со странство го преполовиле бројот на вработени, други компании ги скратиле работните часови од 40 на 20 часа неделно. Економската поддршка од државата е неопходна за надминување на кризата.

На панел дискусијата „Предизвици на пазарот на труд во време на пандемија“ што се одржа во текот на вчерашниот ден во Струга во организација на Центарот на заедницата на општина Струга е донесен заклучок дека рестриктивните мерки воведени поради пандемијата со корона вирусот принудиле голем број компании да го намалат обемот на работа или целосно да го прекинат процесот на производство. Тоа пак резултираше со голем број отпуштања на лица кои делумно или целосно останаа без своите приходи.

Маријан Ѓорѓески од Агенцијата за вработување во Струга информира дека во март имало 3.142 активни баратели на работа, додека во август бројката се искачила на 4.294. Нема драстична промена во бројот на пасивни баратели, односно во март имало 2.578, а во август 2.739.

Од Агенцијата за вработување во Струга посочија дека бројот на активни баратели драстично е зголемен. Во Струга секоја година се регистрирани околу 3.000 активни и исто толку пасивни баратели на работа.

-Отпуштање има од сите сектори. Неколку пати дојдоа поголеми текстилни фирми, им се затворил пазарот во странство, го преполовија бројот на вработени. Голема компанија го намали работното време од 40 на 20 работни часови неделно поради пандемијата,  рече Ѓорѓески.

Економската поддршка од државата во време на пандемија, според Ѓоко Милески од Центарот на заедниците во Струга, е многу значајна за компаниите за полесно да ја надминат кризата и да ги задржат вработените на своите работни места.

-Кризата особено влијаеше врз фирми основани и водени од едно лице, како и врз лица кои работат неформални бизниси и се корисници на социјални бенефиции. Со огромни потешкотии во обезбедување егзистенција се соочија лицата кои на пазарот на трудот се со статус на привремено вработени или хонорарно ангажирани, а тоа вработување е единствен нивни приход,  рече Милески.

 

Најнови вести