Времето и оваа недела ќе биде вистинско лето во поглед на температурите.
Во вторник ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб источен ветер. Максималната температура ќе се искачи до 32 степени, а УВ индексот ќе изнесува 5.
Во среда времето ќе биде сончево со мала локална облачност и слаб источен ветер, со максимална температура од 31 степен.
УВ индексот ќе изнесува 5.
Додека во четврток времето ќе биде сончево со локална облачност и со слаб североисточен ветер, максималната температура ќе се искачи на 32 степени.