вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Рама со признание дека Заев ја спроведува неговата Тиранска платформа

За време на конференцијата на Младинскиот форум на неговата Социјалистичка партија, тој изјави дека за изгласувањето на овој закон заслужна е неговата Влада, која имала сериозен пристап кон односите со Македонија, објави „ТВ 21“.
Рама со признание дека Заев ја спроведува неговата Тиранска платформа

Премиерот на Албанија, Еди Рама, го оцени усвојувањето на законот за употреба на јазиците во Република Македонија како голем настан, кој што пред неколку години не можел ни да се замисли. За време на конференцијата на Младинскиот форум на неговата Социјалистичка партија, тој изјави дека за изгласувањето на овој закон заслужна е неговата Влада, која имала сериозен пристап кон односите со Македонија, објави „ТВ 21“.

-Пред неколку дена, во Македонското собрание помина законот кој не можеше ни да се замисли пред некое време. Јас ви велам дека сите вие треба да бидете горди, треба да бидат горди сите тие што гласаа, ја поддржаа и веруваа во оваа партија, бидејќи без неа денеска немаше да постои официјален албански јазик во Македонија, изјави албанскиот премиер Еди Рама.

Рама изрази надеж дека Албанија нема да биде сама во европското семејството, туку заедно со другите земји од Балканот, како што рече, каде што најмногу живеат Албанци. Од друга страна, претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов веќе трет ден молчи во врска со законот за јазиците. Единственото нешто што го потврдија од кабинетот на претседателот е тоа дека тој неговата одлука ќе ја соопшти во рамките на предвидениот рок.

-Претседателот Иванов ќе ја соопшти неговата одлука во согласност со законски предвидениот рок, велат од Кабинетот на Претседателот.

Од друга страна, политичкиот аналитичар Владимир Божиновски вели дека без оглед на тоа дали Иванов ќе го употреби неговото право на вето, може да одолговлекува но не може да го спречи спроведувањето на овој закон. Божиновски верува дека последниот збор треба да го каже Уставниот суд.

Собранискиот спикер Талат Џафери, рече дека без оглед на одлуката на Иванов, законот ќе се усвои во Собранието. Доколку Иванов не го потпише законот во рок од 10 дена, по истекот на законскиот рок, законот ќе треба повторно да биде вратен во Собранието во рок од 30 дена на трето читање, односно на повторно гласање без дебата.

Најнови вести