сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Раскол меѓу функционерите на СДСМ: Градоначалниците се навредуваат, министер го оговара премиерот

Раскол меѓу функционерите на СДСМ: Градоначалниците се навредуваат, министер го оговара премиерот

Функционерите на СДСМ се навредуваат и оговараат меѓу себе. Расколот во партијата на Зоран Заев изгледува на виделина секојдневно.

Синоќа на Сител телевизија во Дневникот градоначалникот на Скопје Петре Шилегов директно го навреди градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски и го нарече неспособен и популист иако двајцата доаѓаат од иста партија.

Во контекст на пренаменувањето на средствата од страна на општина Куманово и тамошниот градоначалник Шилегов рече дека не сакал да звучи грубо, но никаде во светот она што главниот град во однос на новогодишно осветлување го прави не било тема.

-Тоа што некои градоначалници беа неспособни да тоа го ообезбедат во текот на септември и сега се кријат во популизмот па макар биле и мои сопарртијци и сега глумат лудило пред сопствената јавност дека обезбедувале комјутери и за тоа не кителе, истакна Шилегов.

„Тоа е неспособност на дотичниот градоначалник да ги обезбеди комјутерите на време“ – дополни Шилегов.

Освен кај градоналаниците раскол има и на повисоко ниво.

Александар Николов од ВМРО-ДПМНЕ во гостување на телевизија Канал 5 изнесе тврдење дека вицепремиерот Никола Димитров брифирал новинари дека тој го спречил премиерот Зоран Заев да потпише се што Бугарија побарала.

-Сакам да го прашам Зоран Заев дали знае дека неговиот потпретседател оди низ Македонија и брифира новинари и креатори на јавното мислење дека тој, Никола Димитров е причината што не потпишал Договор со Бугарија? Односно Заев бил подготвен да потпише договор со Бугарија, меѓутоа Димитров го спречил и тоа успеал да го направи преку скопското крило на СДСМ. Дали е вистина дека Заев е незадоволен од работата на историската комисија и дали се прави обид да се компромитираат дел од членовите со цел комисијата да биде распуштена и да биде поставен нов состав од МНР што ќе потпише се што Заев ќе побара?, прашува Николов.

Најнови вести