сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Расте бројот на новозаразени во Македонска Каменица, 14 вработени во рудникот Саса се позитивни

Расте бројот на новозаразени во Македонска Каменица, 14 вработени во рудникот Саса се позитивни

Расте бројот на новозаразени од ковид-19 во Македонска Каменица. Најголем дел од активните случаи во оваа општина како што информираа од хигиено-епидемиолошкото одделение во Делчево се вработени во рудник Саса, објави СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.

Од компанијата ја потврдија веста, информирајки дека во компанијата има вкупно 19 вработени кои се позитивни на вирусот, од кои пет лица од позитивните доаѓаат од компании што соработуваат со рудникот.

-Рудник Саса во моментот има 14 вработени кои се тестирани како позитивни на ковид-19 и вкупно четири лица кои се во изолација, како резултат на близок контакт со лица позитивни на вирусот. Кај надворешните компании кои соработуваат со рудникот идентификувани се дополнителни пет лица инфицирани со вирусот и сите се наоѓаат во изолација. Рудник Саса и понатаму ќе продолжи да ги презема сите активности, со цел да се превенира ширењето на вирусот и да се обезбеди сигурноста и заштитата на здравјето на вработените во рудникот и на нашите сограѓани, се вели во информацијата од рудникот.

Оттаму додаваат дека вработените редовно се информирани за здравствената состојба во компанијата, како и за мерките, кои треба да ги почитуваат за да го заштитат сопственото и здравјето на другите.

-Рудник Саса, уште од самиот почеток на епидемијата во нашата земја, континуирано ја следи состојбата и ги спроведува сите протоколи и мерки за заштита од ковид-19, утврдени од надлежните државни институции, а има усвоено и дополнителни интерни протоколи и мерки за заштита. Направен е детален преглед на сите работни активности со цел да се осигура дека може да се обезбеди неопходното социјално растојание. Беа идентификувани и заштитени најранливите категории вработени, а сите кои можат да работат од дома се охрабрија да го сторат тоа. Истовремено се ограничија и сите надворешни посети во рамки на целиот руднички комплекс, додадоа од рудникот, пренесе Слободен печат.

Најнови вести